За правилно функционирање на услугите базирани на оптика потребна е опрема која зависи од избраниот Optic пакет. Опремата имате можност да ја купите или да ја изнајмите од Македонски Телеком.
Доколку опремата е во сопственост на Македонски Телеком:
Македонски Телeком врши редовно сервисирање на опремата, се додека го имате Optic пакетот.
Цената за изнајмување на корисничката опрема е вклучена во месечниот надомест за Optic пакетот.
Македонски Телeком ја инсталира, конфигурира, надградува и управува со корисничката опрема.
Доколку опремата е во сопственост на корисникот:
Добивате две години гаранција од датумот на продажба на опремата, која вклучува замена и/или поправка на опремата без дополнителен надомест.
Македонски Телeком ја инсталира, конфигурира, надградува и управува со корисничката опрема.