Сподели доживувања
  • Прегледај Новости
 Новост   Најгледани филмови 

Т брендот ја донесе Мараја Кери во Скопје!

18.11.2011
  • Петкратната добитничка на Греми награди, освен во Скопје, ги изведе најголемите божиќни хитови во уште четири града во Европа
  • Концертот на Мараја Кери е дел од новата рекламна кампања „Сподели доживувања“
  • Имајќи го во предвид искуството од лани, се очекува и годинава корисниците на T-Mobile да испратат над 6 милиони СМС пораки за новогодишните празници

Македонски Телеком и T-Mobile, во согласност со празничниот дух и традицијата на подарување во пресрет на престојните празници, подготвија големо изненадување за своите корисници. Во центарот на Скопје, на плоштад Македонија, илјадници посетители имаа единствена можност да го проследат концерот на светската музичка ѕвезда, Мараја Кери. Т брендот и официјално го започна одбројувањето до новогодишните празници со популарниот Божиќен хит на Мараја Кери „Oh Santa”.

Освен во Скопје, Мараја Кери истовремено ги изведе нејзините најголеми Божиќни хитови пред илјадниците изненадени минувачи во уште четири други европски градови: Франфурт (Германија), Краков (Полска), Загреб (Хрватска) и Подгорица (Црна Гора), благодарение на најновата холограмска технологија. Мараја изведе вкупно четири нумери, вклучувајќи ги хитовите кои го заземаат првото и второто место на Billboard Holiday листата „ll I want for Christmas is you” и „Oh Santa”. Беше изведена и песната „Hero”, како и уникатна верзија на класичната Божиќна песна „Silent Night”, која заедно со светската музичка ѕвезда ја пееја и илјадниците присутни на нивниот мајчин јазик.

Илјадници фанови присутни на настанот, освен што ги пееја популарните хитови, имаа можност да превземат виртуелни свеќи преку нивните смарт телефони, креирајќи прекрасна глетка во сите 5 града.

Овој навистина магичен настан претставува дел од новата рекламна кампања „Сподели доживувања“ на Дојче Телеком, којашто наскоро ќе биде лансирана во пет држави, меѓу кои и Македонија. Рекламната кампања ќе се искористи за промоција на различни производи, вклучувајќи ги класичните понуди за при пејд и пост пејд тарифите, заедно со IPTV понудите.

„Повеќето мои моменти за паметење се поврзани со моите обожаватели. Јас отсекогаш велам дека моите обожаватели се како мое второ семејство. Одтука, да се биде дел од проект кој е толку модерен, а во којшто истовремено се вклучени толку многу различни луѓе заедно од целиот свет, претставува голема чест за мене“, изјави Мараја Кери.

Концерот на Мараја Кери е уште еден пример за континуираниот стремеж на Т брендот да ги зближи луѓето со личностите и нештата кои тие ги сакаат, потпомогнати од врвната технологија. Сеедно дали се работи за празнични честитки, новости или пак секојдневни разговори, Т брендот им помага на своите корисници да разменат пораки и моменти кои се вредни за споделување. Имајќи го во предвид искуството од претходната година, кога преку мрежата на Т-Mobile се испратија над 6 милиони СМС пораки за време на новогодишните и божиќните празници, се очекуваа и годинава да биде постигната оваа бројка.