Што претставува новата мултимедијална платформа?
Со модернизацијата на мрежата на Македонски Телеком се воведува нова мултимедијална платформа од следната генерација базирана на Интернет протокол.
Со оваа платформа, која ќе ги замени постојните дигитални телефонски централи, ќе се овозможи воведување на нови услуги со врвен квалитет и иновативни начини за користење на неограничените можности кои ги нуди интернетот.
Кои се моите придобивки?
На сите корисници на Македонски Телеком ќе им биде доделен интегриран уред за пристап за бесплатно користење. На уредот ќе се приклучуваат сите комуникациски уреди кои можат да се користат дома – домашен телефон, MaxTV, компјутер, лаптоп, смартфон, како и сите нови видови телевизори, веб камери, интернет радија итн.
Во иднина, сите домашни уреди ќе можат да се управуваат или да се контролираат преку интернет, на сличен начин како што сега MaxTV корисниците можат да закажат снимање од својот компјутер или мобилен телефон од секаде каде што има интернет врска.
Како можам да мигрирам?
Модернизацијата на мрежата започна во октомври 2011 година и ќе се одвива во следните 2 години. Процесот ќе се спроведува етапно и по региони. Во првата фаза се опфатени регионите Скопје (Центар, Кисела Вода), Гевгелија, Тетово и Велес.
Покрај нашиот план за мигрирање на корисниците кон новата мрежа, обезбедуваме и можност за иницирање на миграција од страна на корисник, за што ќе треба да се јавите во Контакт центарот на 171, по што нашите екипи ќе ја обезбедат миграцијата во најкраток можен рок.
Како се одвива миграцијата?
За реализирање на мигарцијата на новата платформа и за искористување на поволностите, ќе бидете навремено известени од Контакт центарот на Македонски Телеком.
- Ако сте корисник на интернет услуга базирана на ADSL (MaxADSL, Call &Surf, 3 Max, MaxADSL Pro, Office Complete), пакетите 2 Max, или на пакетите Optic (Max Optic, Call &Surf Optic, 3 Max Optic, Max Optic Pro, Office Complete Optic)
Откако ќе бидете контактирани од Контакт центарот на Македонски Телеком, доколку веќе ја имате потребната опрема (AVM Speedport W 503V) ќе треба да постапите согласно со Упатството за преспојување на опремата. Доколку немате соодветна опрема, постојната опрема ќе ви биде заменета.
- Ако сте корисник само на телефонски услуги од Македонски Телеком
Откако ќе бидете контактирани од Контакт центарот на Македонски Телеком ќе ви биде инсталиран уред од страна на технички лица.
Доколку имате дополнителни прашања за оваа поволност, јавете се во нашиот Контакт центар на 171.
Напомена
Посебните поволности кои вклучуваат “Eден месец бесплатен пристап до интернет” и “Tри месеци неограничен пристап на интернет”, за корисниците кои ќе мигрираат од 13 декември 2011 година, се ставени во мирување. Повеќе за ова прочитајте ТУКА.